Вести Македонија

Алиу: Мој термин ќе добие јасно дефинирани протоколи за упатување на пациенти кај стручни медицински лица

Во моментов 70 проценти од пациенти од терцијарно ниво треба да бидат на секундарно здравство, подвлече денеска министерот за здравство Азир Алиу, повикувајќи се на стручни медицински експерти во одговор на новинарски прашања на прес-конференцијата во Министерството за здравство.

Прашан за тоа како побрзо до термини кај стручни медицински лица и дијагностика, тој рече дека се прави анализа, па ќе следува систем со реални решенија, систем поврзан со Мој термин и јасно дефинирани протоколи, за одење на еден пациент од примарно во секундарно, па во терцијарно здравство.

Ќе имаме јасни индикатори за секој доктор, дали услугите што треба да ги нуди, во примарно и терцијално, ги нуди, или само прави редирект на пациентите од примарно на терцијарно здравство, подвлече министерот.

Тој појасни дека податоците што ќе ги обезбедуваат во иднина, ќе им одговорат на многу прашања и предизвици во здравството, со цел нивно решавање, во интерес на пациентите.

Исто така, тие податоци ќе ни дадат јасна слика каков тип на инфраструктура има во здравствениот систем. Во моментов, на пример, немаме јасна слика на човечки капацитети во здравството, посочи Алиу.

Тој посочи дека веќе работат на тоа и наскоро најави транспарентни информации околу кадарот во здравството.

Министерот повтори дека секој петок од 10 до 15 часот, по 15 минути ќе траат средбите со заинтересирани во Министерството за здравство, што претходно онлајн ќе закажат средба. Три недели, од четврти јули па натаму, секој петок, средбите биле веќе закажани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екологисти од цела држава протестираа против изградбата на мали хидроцентрали на реката Дошница

Дејан Дејан

Фатална сообраќајна несреќа во Грција во која учествувал и македонски камионџија

Дејан Дејан

Спасени четири лица од оштетена едрилица во Охридското Езеро

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе