Вести Култура

16 хорски состави се претставија на овогодинешниот 34-ти по ред фестивал Тетовски хорски одѕиви

Меѓународниот хорски фестивал „Тетовски хорски одѕиви – ТЕХО“ по 34-ти пат викендов во Тетово беше средиште на хорската уметност во државата, но и место каде што различноста и богатството на ваквите музички состави доаѓаат до полн израз.

Фестивалот годинава имаше хармонија на разновидноста од гласови и стилови, со 16 хорови, кои во трите вечери понудија на посетителите богата и динамична програма со изведба на 80-тина композоции.

Наши традиционални гости повторно се појавија. Беа изведени композиции различни по карактер, но сепак тоа задоволството е што имаме состав на луѓе од најмала возраст до највозрасни луѓе кои што пеат. Така да, онаа максима „Кој пее, зло не мисли“ се повторува во Тетово, Тетово точно затоа постои и еден од брендовите на Тетово е, Тетово, град под шара кој што е мошне распеан, вели ивица зориќ, претседател на тихо и диригент во женскиот хор менада.

Оваа година, „ТЕХО“ е посветен на одбележувањето на значајни настани и личности кои оставиле неизбришлив траг во култура, историја и особено музиката. Годинава се бележат јубилејните години на луѓето кои граделе културниот идентитет, пренесувајќи ги нивните пораки преку универзалниот јазик на хорската музиката.

На овој начин, ја почитуваме традицијата на хорската музика, посочува Зориќ.

Оваа година се одбележуваат 125 од раѓањето на македонскиот композитор Стефан Гајдов, еден од основачите на музичката писменост во Република Македонија. Потоа, 100 години од Кирил Македонски, првиот создател на македонската опера мислам операта „Гоце“, потоа „Цар Самоил“ и „Илинден“ и се разбира од бардот на македонската симфониска и хорска музика Властимир Николовски, кој исто така одбележува 100 години. Значи ние мора да ги почитуваме традициите и да го следиме тој пат, вели зориќ.

Наредната година, според воспоставената практика, ќе се одржи ТЕХО фестивал посветен само на православна духовна музика ТЕХО.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка

Дејан Дејан

Одложено судењето на Нетанјаху поради дипломатски и безбедносни причини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе