Вести Свет

Умеров: Украина може да произведува четири милиони дронови годишно

Украинскиот министер за одбрана Рустев Умеров вчера изјави дека украинските компании го зголемиле својот индустриски капацитет за да можат да произведуваат четири милиони дронови годишно.

Украинските производители годинава на фронот ќе испорачаат четири милиони дронови, додека украинската армија веќе прими 1,5 милиона дронови, рече Умеров на прес-конференција, пренесува Киев Индепендент.

Според него, владата моментално издвојува 2,5 милијарди гривни (60 милиони долари) месечно за тимовите за директна набавка.

Од почетокот на конфликтот, Украина во голема мера се фокусираше на развој и распоредување на напредни беспилотни системи.

Од април 2025 година, повеќе од 95 проценти од беспилотните летала што ги користат украинските сили на фронтот се од домашно произведство.

И Украина и Русија сè повеќе се потпираат на војување со дронови, користејќи воздушни, поморски и копнени дронови за извидување и борбени операции, што ја прави технолошката иновација клучна компонента на војувањето, според украинскиот портал.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СЗО: Најмалку 112 палестински деца дневно завршуваат во болниците во Газа поради неухранетост

Дејан Дејан

Српскиот претседател предвидува инциденти на денешните протести во Белград

Дејан Дејан

Протести во Тајланд, демонстрантите бараат оставка од премиерот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе