Вести Свет

СЗО: Најмалку 112 палестински деца дневно завршуваат во болниците во Газа поради неухранетост

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека приближно 112 палестински деца секојдневно биле хоспитализирани во болниците во Газа поради неухранетост, што, според неа, е директен резултат на блокадата и воениот напад на Израел врз енклавата.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, изјави дека хуманитарната ситуација во Газа „ги надминува катастрофалните нивоа“, објави агенцијата ВАФА (WAFA).

Тој истакна дека од 36 болници во Појасот Газа, само 17 се делумно функционални, а ниту една не е оперативна во северна Газа или Рафа на крајниот југ, областите најтешко погодени од тековниот конфликт.

Тедрос, исто така, рече дека најмалку 500 лила биле убиени обидувајќи се да достават храна до точките за дистрибуција на помошта, контролирани од САД и Израел, кои работат надвор од системот на Обединетите нации.

Тој додаде дека СЗО оваа недела успеала да пристапи до Газа за првпат од 2 март, но само со „многу ограничен капацитет“, што ги нагласува екстремните тешкотии со кои се соочуваат хуманитарните агенции во задоволувањето на потребите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стотици илјади луѓе учествуваа во Парадата на Гордоста во Будимпешта

Дејан Дејан

Владата ќе стимулира млади брачни парови да се станат градинари и фармери, но земјоделците не гледаат перспектива во аграрот

Дејан Дејан

Американската амбасада ги предупреди своите државјани да избегнуваат подрачја во Белград

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе