Искуството со надзорни камери во сообраќај покажува намалаување на прекршоци на места каде тие се поставени и таков придонесе се очекува и од Сејф сити кој допрва ќе биде активиран после Нова Година, објаснува судскиот вештак Дејан Трпевски во интервју за КОД.
Но, нејасно е како тие податоци од Сејф сити ќе бидат достапни за судски постапки.
Интервјуто ќе биде емитувано во утрешната емисија во КОД. Во емисијата зборува и тешко повреден 45-годишен граѓанин, настрадан во сообраќајна несреќа во Охрид од кого сѐ уште не е земена изјава за трагедијата кога настрада и загина неговата партнерка.