Вести Свет

Фараж: Албанија да си ги земе криминалците назад

Британскиот пратеник Најџел Фараж не се воздржа во врска со албанските имигранти во Обединетото Кралство, барајќи од албанскиот премиер Еди Рама да ги прими назад сите Албанци осудени за разни кривични дела на британските територии.

Според него „секој 50-ти Албанец во Британија е во затвор“.

Албанскиот премиер нè критикува за Брегзит и вели дека Велика Британија е „дива земја, барајќи места за протерување на имигрантите“. Рама тврди дека голем дел од она што го кажуваме по Брегзит станало „целосно неприфатливо, целосно смешно“. Ќе ви кажам нешто, господине Рама, дали знаевте дека секој 50-ти Албанец во Велика Британија е во затвор? Затоа, покажете малку добра волја и земете ги сите уште утре, бидејќи ова е лицемерие, обвинил Фараж, пренесува Топ чанел.

Меѓу другото, тој ги критикувал и лидерите на неговата земја за начинот на кој одлучиле да водат имиграциска политика.

Пред два дена, Рама, во интервју за „Гардијан“ упати критики на сметка на политиката на Велика Британија поради депортирање во трети земји на луѓе чии барања за азил се одбиени.

Тој ја обвини владата на британскиот премиер Кир Стармер дека бара „центри за притвор на имигранти“ со тоа што врши притисок за „центри за враќање“ во трети земји за сместување на одбиените баратели на азил.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демонстратите на денешниот голем протест во Белград побараа предвремени избори

Дејан Дејан

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Стотици илјади луѓе учествуваа во Парадата на Гордоста во Будимпешта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе