Вести Свет

Демонстратите на денешниот голем протест во Белград побараа предвремени избори

Десетици илјади политички опоненти на српскиот претседател Вучиќ, се собраа во Белград со барање за предвремени парламентарни избори.

Тензиите се зголемија пред протестот во Белград, кој го организираа студентите на српските универзитети.

Вучиќ и неговата Српска напредна партија постојано го одбиваат барањето за предвремени избори и ги обвинуваат демонстрантите дека планираат да поттикнат насилство по наредба од странство, што не го прецизираа.

Неколку часови пред студентските протести, партијата на Вучиќ со автобуси донесе голем број свои поддржувачи во Белград кои скандираа: „Нема да се откажеме од Србија“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Фараж: Албанија да си ги земе криминалците назад

Дејан Дејан

Стотици илјади луѓе учествуваа во Парадата на Гордоста во Будимпешта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе