Вести Свет

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Синот на норвешката принцеза Мете -Марит е осомничен во три случаи на силување и 23 други кривични дела, соопшти денеска полицијата во Осло.

28 годишниот Мариус Борг Хоиби, кој е посинок на идниот крал на Норвешка, принцот Хаакон, беше уапсен три пати минатата година, во август, септември и ноември.

По 10 месечната истрага, норвешката полиција сега го префрли случајот на обвинителите, кои ќе треба да одлучат дали ќе поднесат обвинение.

Хоиби, кој нема официјална кралска титула или официјални задолженија, бил предмет на истрага по неговото апсење на 4-ти август, под сомневање за напад.

Во полициското соопштение, полицијата на Осло, тврди дека била спроведена темелна истрага со интервју на голем број сведоци, биле извршени претреси на повеќе локации како и проверка на поголем дигитален материјал.

Помеѓу кривичните дела за кои Хоиби е осомничен се и четири случаи на сексуален напад и два случаи на нанесување телесни повреди.

Полицијата не сакаше да оди во детали за бројот на жртви во случајот против Мариус Борг Хоиби, освен дека станува збор за двоцифрен број на жртви.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Богоjeски од директор замина за професор во Воена академија каде ќе предава економија на идните офицери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе