Вести Македонија

Се почесто семејно насилство – Надлежните апелираат за зголемена превенција и подобра институционална заштита

„Не молчи! Не толерирај! Дејствувај! Има помош! Има надеж! Има живот без насилство“, алармира Фатмир Лимани министер за социјална политика демографија и млади.

Статистиките го вклучија црвениот аларм, надлежните се погласни во спречувањето на семејното насилство. За една година бројот се зголемил за 14,7 отсто, а од почетокот на годинава до март регистрирани биле 391 жртва.

Најголем број сторители биле мажи 266,а меѓу насилниците имало и 20 жени.

Психолошкото насилство е најчесто, а жртвите биле изложени и на физичко, сексуално и економско злоставување.

Надлежните апелираат за зголемена превенција и подобра институционална заштита.

„Им апелирам на институциите не гледајте на жената жртва како предмет во папка, таа не бара само хартија таа бара надеж, таа доаѓа кај нас затоа што верува дека ќе и биде помогнато, дека ќе избега од кошмарот што го живее. Законот е навистина темел, но човечката чувствителност спасува животи“, вели Фатмир Лимани министер за социјална политика демографија и млади.

Насилството врз жените не е само лична трагедија, туку е општествен неуспех, силни пораки и од странските експерти.

„Ваквото насилство е едно од најгорливите предизвици во однос на човековите права. Мораме заедно да се обединиме против него. Ова бара координиран, сочувствителен и храбар одговор“, вели Даниел Филер заменик амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија.

„Секоја една жена да не го трпи насилството, да побара помош“, вели Жаклина Гештаковска Алексовска УНФПА.

Последниот случај на татко кој ја повреди неговата 4- годишна ќерка ја вознемири јавноста. Обвинителството за него покрена обвинение, а кривично го гони и 54 годишник од Скопје кој во алкохолизирана состојба ја нападнал својата сопруга удирајќи ја со чадор по главата во сопствениот дом. За кривично дело нанесување телесна повреда кривичниот законик предвидува казна од шест месеци до три години затвор.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Богоjeски од директор замина за професор во Воена академија каде ќе предава економија на идните офицери

Дејан Дејан

Oд полноќ дизелот поевтинува

Дејан Дејан

Фирмата на „Пулс“ била во радарот на УЈП – директорката отфрла одговорност во постапување на институцијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе