„Во Основниот суд Куманово денеска продолжи рочиштето во кое кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски е обвинет за „злоупотреба на служена положба и овластување“, по пријава поднесена од кумановските градежни фирми за случајот за недобивање дозволи за градење згради во Куманово.
На денешното рочиште одбраната на Димитриевски достави писмени докази од Секторот за урбанизам. На рочиштето не присуствуваше повиканиот сведок од Општина Куманово. Одбраната за наредното рочиште предложи сведок од Општина Куманово и две вешти лица, на што реагираше Ообвинителството, Судот не ги прифати. На наредното рочиште ќе бидат изведени завршни зборови.
На претходните рочишта кумановскиот градоначалник Димитриевски кажа дека го штити јавниот интерес на кумановци, не се чуствува виновен, додавајќи дека градбата предизвикува штета на детскиот диспазнер и на гимназијата. Сопствениците на компаниите „УПМ-ГРУП“ ДООЕЛ и „ХРОМАК Емил“ ДООЕЛ, сметаат дека градоначалникот ја злоупотребил функцијата, носејќи суспензија на ДУП-от и побаруваат над 3, 3 милиони денари“ пишува МИА.