Палестинците низ Појасот Газа, исцрпени од тековната војна со Израел, сè уште се борат со сериозен недостиг на храна.
Ограничената помош што влезе на територијата за прв пат од мај беше брзо ограбена од вооружени групи и очајни цивили, а само некои луѓе можеа да добијат залихи од центрите за дистрибуција на помош управувани од САД.
Мохамед Фавзи, раселено лице од Рафа, за АП изјави дека рано наутро во четвртокот успеал да добие само празни кутии од местото за помош во областа Шакуш во Рафа, но не и храна.
Пукаа врз нас од 6 до 10 часот само некои луѓе успеаја да ја примат помош. Имаше маченици и повредени. Ситуацијата е тешка, рече тој.
.