Од 1 јули до 31 август ќе важи целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“. Забраната се воведува поради зголемен ризик од пожари на отворен простор и важи 24 часа дневно.
Исклучок ќе има само за лица со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја одобри мерката согласно законските одредби.
За непочитување, физички лица ќе се соочат со парични казни од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност. Од забраната се исклучени вработените во надлежните институции, како и овластени субјекти што вршат шумарски активности или имаат писмено одобрение.
Спроведувањето на забраната ќе го вршат Шумска полиција, МВР, ЈП „Национални шуми“ и други надлежни служби.