Вести Македонија Најважни

Обезбедени седум нови лекови за третман на онколошки пациенти

Директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, доктор Игор Стојковски во интервју за државната МИА вели дека е двојно зголемен условниот буџет на Клиниката за радиотерапија и онкологија за иновативни лекови oдносно за биолошка терапија.

„Со последниот буџет е обезбедена достапност на седум нови лека за третман на меланом, на дојка, на бели дробови, на мочен меур и на простата. Некои од овие лекови се достапни во Македонија и пред да бидат достапни во земјите од нашето соседство, така што сме сигурни дека пациентите се третираат со најсовремена иновативна терапија според современите светските протоколи за третман“, вели Стојковски.

Тој посочува дек при крај е административната постапка за поставување група на лекови, инхибитори на ароматазата (анастрозол и летрозол), на позитивната листа А – се очекува наскоро оваа група на лекови да може да се издава на рецепт во аптеките во местото на живеење на пациентите. Потенцира и дека  пред неколку недели на Клиниката се примени четири приватни специјализанти (два специјализанти од областа на радиотерапија и онкологија и два од областа на патологијата) со што по подолго време кадровски се зајакнал капацитетот на Клиниката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Свадбата на Безос и Санчез во сенка на протестите во Венеција

Дејан Дејан

Се почесто семејното насилство

Дејан Дејан

Eкоактивисти од Гевгелија против изградба на две мали хидроцентрали на реката Дошница во подножјето на Кожуф

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе