Вести Македонија

Независните со апел до Собранието за независните кандидати

Демократијата живее преку плурализмот, слободата на различни мислења и отворената, квалитетна дебата – тоа е единствениот пат што води кон вистински општествен напредок. Ограничувањето на демократијата неминовно води кон едноумие, ограничување на слободите и правата што кулминира со автократија, истакнуваат независните кандидати и бараат Владата и Собранието итно да ја спроведат одлуката на Уставниот суд, како и да се изврши автентично толкување на Изборниот законик во однос на тоа дали се овозможува учество на независните кандидати на претстојните локални избори без собирање потписи.

Тие информираат дека не добиле ниту одговор на барањето за итна средба со претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по изминати десет дена.Паралелно, додаваат, во Службен весник на РСМ во редакциски пречистениот текст на Изборниот законик во сила се старите одредби на членовите 61 и 62 кои се однесуваат на собирање на потписи за независните кандидати.

„Според овие одредби бројот на потребни потписи се движи од 100 до 450 и 1.000 за Град Скопје. Комплетна конфузија и правна несигурност за независните кандидати непосредно пред изборите. Сите останати барања се игнорирани, иако се од суштинска важност“, нагласуваат тие и бараат да се постави услов од 20 до 100 собрани потписи и 200 собрани потписи за Град Скопје за независни листи на кандидат/и, по пример на бројните европски држави.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Богоjeски од директор замина за професор во Воена академија каде ќе предава економија на идните офицери

Дејан Дејан

Oд полноќ дизелот поевтинува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе