Почина проф. д-р Мирјана Поленак Аќимовска, долгогодишен професор на правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
„Со нејзината смрт загубивме драга и почитувана колешка, која беше извонреден предавач, одличен педагог, посветен наставник и истражувач и особено ценет експерт во областа на науката во која делуваше. Зад себе остави бројни генерации професори, соработници и студентикои вечно ќе ја паметат. Ќе остане запаметена како доајен од областа на римското право и реторика“, се наведува во соопштението потпишано од вработените на правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Посмртните останки на проф. д-р Мирјана Поленак Аќимовска ќе бидат изложени во сабота (28 јуни) во Капелата на Градските гробишта Бутел од 9 до 10 часот.