Вести Најважни Свет

„Фајненшл тајмс“: САД „промашија“ 408 килограми збогатен ураниум

„Фајненшл тајмс“ пренесува тврдења на неименувани европски претставници дека залихите на збогатен ураниум на Иран останале, речиси, недопрени.

Медиумот наведува и дека 408 килограми збогатен ураниум никогаш и не се наоѓале на локацијата „Фордо“, комплекс длабок 100-тина метри под гранитна планина, чии влезови Американците ги затрупаа со бомби ГБУ-57, секоја тешка по 13.600 килограми.

Инспектори на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) тврдат дека недела дена пред нападот го виделе материјалот. Шефот на организацијата, Рафаел Гроси, пак, смета дека е „скриен некаде околу Исфахан“.

„Иран никогаш не криеше дека го сокри материјалот“, рече Гроси за „Си-Ен-Ен“.

Станува збор за збогатен ураниум, сместен во посебни сандаци, кои без проблем може да се натоварат во 10-тина камиони.

На сателитски снимки на нуклеарната постројка „Фордо“, кои ги објави компанијата „Максар технолоџис“ на неколку пред почетокот на „12-дневната војна“, се гледаат 16 паркирани камиони пред влезовите на објектот. Нејасно е дали во таа прилика е изнесено нешто од подземните бункери.

Нејасно е дали и подземниот комплекс јужно од Натанз, во кој сè уште не влегле инспектори на ИАЕА, бил мета на американските и израелските воздушни напади, како и во колкава мера е забавена иранската нуклеарна програма, имајќи го предвид фактот дека најмалку 15 ирански нуклеарни физичари беа убиени во последните две недели.

Неизвесно е и на кој начин меѓународната заедница ќе прави контрола на иранската нуклеарна програма, бидејќи парламентот во Техеран одлучи да ја прекине соработката со ИАЕА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На 2 јули расправа за ребаланстот на буџетот

Дејан Дејан

Ана Винтур повеќе нема да биде главен уредник на американскиот „Вог“

Дејан Дејан

IN MEMORIAM – Почина професорката Мирјана Поленак Аќимовска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе