Вести Македонија Најважни

Дневно по 70 интервенции во просек, над 200 повици за 24 часа – топлотниот бран ги „прегоре“ телефоните во Итната помош

Високите температури и топлотниот бран што ја зафатија земјава ги зголемија и повиците во Итната медицинска помош. Во просек во текот на денот имаат 70 интервенции на лице место, но бројот на повици на нивните телефонски линии е многу поголем и достигнува над 200 за едно деноноќие. Лекарите со апел до граѓаните да ги почитуваат мерките без оглед на нивната возраст, затоа што многу пати знаеме и да ги потцениме можните ризици, движејќи се на отворено во период кога е најтопло.

„Можам да кажам и дека повозрасните можеби и повеќе ги почитуваат мерките за разлика од помладите, затоа што тука веќе немаме некоја старосна граница кај кого интервенираме. Се случува многу често да интервенираме и кај релативно здрав организам, кога некој мисли дека не му е ништо, дека е здрав, кај млади луѓе. Значи нема правило на ваква температура и сите сме засегнати од оваа состојба и сите треба да внимаваме. Особено да бидат внимателни оние ранливи категории возрасните над 60 годишна возраст, хроничните болни, бремените жени и секако децата под шест годишна возраст кои се најлесно подложни на дехидратација и таа дехидратација води до посериозни компликации“, изјави д-р Анета Димовска од Итната медицинска помош.

Во овој период зголемен е и бројот на сообраќајни несреќи.

„Да, во летниот период општо земено и долги години наназад има последици и од високата температура, пад на концентрација во ваква состојба. Климатизирани автомобили, знаеме дека современите возила сите се климатизирани и од топло во ладно истото се случува, пад на концентрација, тука се и сообраќајките со моторцикли, тротинети, пад од велосипеди“, додава Димовска. 

Во периодот меѓу 11 и 17 часот граѓаните да го сведат на минимум своето движење на отворено, хронично болните навремено да ја земаат својата терапија. Да ги почитуваат препораките на медицинските лица, затоа што по краткиот пад на температурите и нестабилноста кој се очекува за попладне и во текот на викендот, високите температураи силниот топлотен бран ќе бидат наше секојдневие и наредната недела.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Oд полноќ дизелот поевтинува

Дејан Дејан

Фирмата на „Пулс“ била во радарот на УЈП – директорката отфрла одговорност во постапување на институцијата

Дејан Дејан

Независните со апел до Собранието за независните кандидати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе