Вести Македонија

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Западниот Балкан останува невралгично подрачје бидејќи тука се судираат интересите на големи земји, а состојбите уште повеќе се комплицираат поради актуелната геополитичка состојба условена пред се од економските интереси на големите играчи. Во таквата геополитичка состојба, Западниот Балкан се уште останува високата на агендата на ЕУ за проширување.

Ова се дел од констатациите од денешната тркалезна маса одржана во МАНУ за геополитичииот пејсаж и проширувањето на ЕУ, со фокус на европската перспектива на Македонија.

За академик Владо Камбовски владеењето на правото е еден од принципте на геополитичкиот пејсаж кој се рефлектира врз политката на ЕУ за проширување. Според него владеењето на правото во земјите од регионот е незадоволително, особено во реализација на законите кои забрзано се носат како дел од реформските агенди.

„Се разбира дека преостанува во наредниот период исклучително тешка задача во која секоја влада во прв ред би требало да се потпре на сите расположливи сили во државата“, рече Камбовски.

Симонида Кацарска од Инстутот за европска политика, пак се осврна на тоа што се случи по агресијата на Русија врз Украина, брзата трака за Украина и Молдавија кон Унијата и процесот на интеграцијата кој го минува Западниот Балкан.

Притоа таа се осврна на принципот на постепената интеграција во Унијата, наспроти целосната интеграција.

„Концептот на постепена интеграција има смисла само доколку земјите во блиска иднина имаат изгледи за членство и добивање полноправно членство. Ако тоа се случи за пет до 10 години тогаш има смисла тие да продолжат по тој пат, кој е единствен пат кој го имаме, но имаа ограничувања кои евидентно постојат“, изјави Кацарска.

Амбасадорот Огнен Малески пак за промените кои настанаа во светот и геополитиката по првиот и сегашниот мандат на американскиот претседател, Доналд Трамп, и неговата политика кон Европа, не треба да ја доведе земјата во позиција да бира меѓу САД или ЕУ, туку да опстои на политиката и САД и ЕУ.

„Сметам дека е далечна и неочекувана таква разврска која би довела до прекинување на односите  и доведување на земјите во ситуација да бираат помеѓу нив“, изјави Малески.

На тркалезната маса се обрати и амбасадор на Полска, Мариуш Бримора, кој за пристапувањето во Унијата рече прозорецот за можности за Македонија постои и тоа треба да се искористи најбрзо што е можно, да не се чека посовршен момент, повторувајќи ги пораките за од Брисел дека првиот кластер за земјава ќе биде отворен веднаш, што таа ги исполни обврските кои презела.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Жељазков- Кошта: Бугарија нема да поставува нови услови за Скопје

Дејан Дејан

Владата и синдикатите со спротивставени ставови околу потрошувачка кошничка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе