Вести Свет Топ вести

(Видео) Осомничени за подготовка на дела против уставниот поредок и безбедноста – уапсени шест лица во Србија

Шест лица се уапсени на повеќе локации ширум Србија поради основани сомненија дека извршиле кривично дело „подготовка на дела против уставниот поредок и безбедноста“, соопшти српското Министерство за внатрешни работи. Во тек се претреси на повеќе локации. Уапсените се на возраст од 47 до 57 години. Меѓу нив и воени ветерани кои учествувале во војните во Словенија, во Хрватска и во Косово.

„Постои сомнеж дека тие, на 21 јуни, се состанале во хотел во Краљево, со цел планирање на насилна промена на власта во Република Србија и договарале напади врз претставници на државни институции, физички напади врз припадници на полицијата со цел за разоружување, насилни упади во зградата на владата на Република Србија и на други институции, како и на медиумски куќи – РТС, „Хепи“ и „Информер“ и се тоа со најава за употреба на огнено оружје“, се наведува во соопштението на српското МВР.

Против едно лице ќе биде поднесена и кривична пријава поради основано сомнение дека извршил кривично дело „Недозволено производство, поседување, носење и промет на огнено оружје и експлозивни направи“.

На осомничените им е одреден 48-часовен притвор, дел од нив, како што објавија српските медиуми, денеска треба да бидат изведени пред надлежното обвинителство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставен пресече: Нема резидентно и нерезидентно население на попис

Дејан Дејан

Нов меѓународен трибунал за гонење на високи руски функционери- и Путин ќе биде изведен пред суд, вели Зеленски

Дејан Дејан

САД не успеаја да постигнат ништо значајно, целта им беше да се предадеме, а не нуклеарната програма – прво обраќање на ајатолахот Хамнеи по воздушните удари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе