Вести Најважни Свет

САД ја продолжија вонредната состојба на Западен Балкан за уште една година

Почнувајќи од денеска (26 јули), САД ја продолжуваат за уште една година националната вонредна состојба во однос на Западен Балкан, која беше прогласена во 2001 година. Извршната наредба ја потпиша од американскиот претседател Доналд Трамп, а ја објави Федералниот регистер на САД.

Во документот се наведува дека националната безбедност и надворешната политика на САД се загрозени „од дејствијата на лицата кои учествуваат, помагаат, спонзорираат и поддржуваат екстремистичко насилство во Северна Македонија и на други места во Западен Балкан, како и од попречувањето на спроведувањето на Дејтонскиот договор или кршењето на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации“.

Во текстот се додава дека „дестабилизирачките дејствија, корупцијата и обидите за поткопување на суверенитетот на земјите во регионот претставуваат голема закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“.

Извршната наредба со која првпат беше прогласена вонредна состојба на САД во однос на Западниот Балкан беше објавена на 26 јуни 2001 година, за време на мандатот на американскиот претседател Џорџ В. Буш.

Претходниот американски претседател Џо Бајден ја потпиша Извршната наредба 14140 на 8 јануари, пред да ја преземе функцијата новоизбраниот претседател Трамп, со која беше продолжена вонредната состојба во врска со Западниот Балкан до 26 јуни оваа година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расте бројот на умрени лица од насилна смрт- двојно повеќе се мажи од жени, најчесто се гинело во несреќи

Дејан Дејан

(Видео) Осомничени за подготовка на дела против уставниот поредок и безбедноста – уапсени шест лица во Србија

Дејан Дејан

Избегнувајте да излегувате од 11 до 17 часот – ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните од топлото време

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе