Вести Свет

По топлиот бран невреме со жртви во Франција

Во последниве години, летото стана исклучително жешко во многу делови на светот. Температурите деновиве достигнуваат опасно виско ниво. Србија, Косово и Босна и Херцеговина се соочуваат со температури кои достигнуваат до 40 степени. Денес  и утре во сила е портокалова временска тревога. Горештините ги натераа Босанците да се упатат кон езерата и плажите во обид да се справат со жештината.

Денес имаме температури од 37 степени и очекуваме огромен број посетители. Нашите езера се вистински спас за луѓето овде, бидејќи им даваат можност да се разладат на овие екстремни температури, изјави Армин Карабеговиќ.

 

Да, денес го видов предупредувањето за екстремни температури, па решив да дојдам тука да се одморам и малку да се разладам, изјави Харис Салмановиќ-пливач

Во Атина пак се очекуваат пеколни температури кои ќе надминат и над 40 степени. Градските власти на туристите им препорачуваат прошетките да ги прават во утринските или вечерните часови. Во Филаделфија е отежнат железничкиот сообраќај поради усфитените шини. Забрзано се топи и Гренландската ледена плоча, во Швајцарија се намалуваат глечерите и создаваат дупки. Во Зоолошките низ Европа се подготвуваат замрзнати овошја и зеленчуци за да се прехранат животните и се разладуваат со студена вода. Во Франција пак од пеколни жештини до силно невреме со жртви. Една од жртвите е 12-годишно дете кое настрадало во регионот Тарн-ет-Гарон, на југот од земјата. Детето било погодено од дрво што се урнало додека со семејството се обидувало да се евакуира од зоната зафатена од невремето. Во друг случај, на северозападот на Франција, возач загинал кога удрил во стебло што го блокирало патот откако било срушено од силниот ветер.

Кристина Кузмановски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Жељазков- Кошта: Бугарија нема да поставува нови услови за Скопје

Дејан Дејан

Владата и синдикатите со спротивставени ставови околу потрошувачка кошничка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе