Вести Свет Топ вести

Нов меѓународен трибунал за гонење на високи руски функционери- и Путин ќе биде изведен пред суд, вели Зеленски

И официјално започна формирањето на специјален трибунал кој ќе им суди на руските злосторници за агресијата врз Украина. Зеленски вели ќе нема исклучоци и Путин ќе биде повикан на одговорност. Новиот 18-ти пакет санкции против Русија е на маса пред 27-те земји членски на ЕУ денеска во Брисел. Но рускиот министер за одбрана од Кина го обвини Киев за терористички акти.    

Украинскиот претседател Володимир Зеленски стави потпис на договорот меѓу Украина и Советот на Европа за формирање нов меѓународен суд за гонење на високи руски функционери за „злосторството агресија“ врз Украина, од почетокот на војната во 2022 година. Постојните меѓународни судови, вклучително и Меѓународниот кривичен суд во Хаг, немаат надлежност да ги гонат руските државјани за тоа конкретно кривично дело. Пред специјалниот трибунал и Путин може да биде соочен со правдата, порача Зеленски од Стразбур.

  • „Сè уште има долг пат пред нас и навистина го знаеме тоа. Денешниот договор за создавање на трибуналот е само почеток и сега мора да преземеме вистински чекори за да профункционира. И ќе биде потребна силна политичка и правна соработка за да се осигури дека секој руски воен злосторник ќе се соочи со правдата, вклучително и Путин“ – Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Уште од почетокот на конфликтот, Киев се залагаше за создавање на ваков специјален трибунал за гонење на воените злосторства за кои Украина тврди дека ги извршиле руските сили – бомбардирање на цивилна инфраструктура, убивање цивили, силување, земање заложници и тортура- тврдења кои Русија ги негира.

По краткиот но интензивен самит на НАТО, денеска во Брисел шефовите на 27-те земји-членки на Европската Унија на 18-та рунда санкции против Русија, дали да се одржи ограничувањето на цените на руската нафта, мерки на кои некои земји се спротивставуваат бидејќи тоа би можело да ги зголеми цените на енергијата.

  • „Ќе треба да разговараме за конкурентноста на европскиот индустриски сектор. Ќе разговараме за цела низа други теми што ќе ја направат Европската Унија подготвена за иднината“ – Фридрих Мерц, германски канцелар.

Најавувајќи повеќе санкции за Русија австралиски министер за одбрана објави дека авион на Кралските австралиски воздухопловни сили со 100 луѓе од одбраната ќе бидат испратени идниот месец во Полска на тримесечна ротација. Но, критиките за воената поддршка и можна дестабилизација на Европа стигнаа од рускиот министер за одбрана.

  • „Сфаќајќи ја неизбежноста на поразот, режимот во Киев се потпира на терористички акти. Обидите за продолжување на воените дејствија со снабдување на Украина со оружје и платеници ја зголемуваат заканата од дестабилизација, вклучително и во самата Европа.“

Белоусов учествува на состанокот на Шангајската организација за соработка, основана од Кина и Русија. Од каде истакна дека создавањето антикинески и антируски блокови во Азиско-пацифичкиот регион довело до нестабилност.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата и синдикатите со спротивставени ставови околу потрошувачка кошничка

Дејан Дејан

Пет отсто од БДП за одбрана е голем предизвик

Дејан Дејан

Обвинение за таткото кој ја тепаше својата 4-годишната ќерка – се бара и продолжување на притворот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе