Премиерот Христијан Мицкоcки пред граѓани на Трибина во Прилеп истакна дека состојбата е конечно стабилизирана и дека може да се зборува за економски раст.
„Не почнавме од нула, почнавме од минус“, рече Мицкоски, додавајќи дека разбира дека очекувањата се сè повисоки.
Вели дека треба трпеливо и чесно да се продолжи да се работи, како и дека најдоброто допрва ќе се случи. Оваа година, како што рече Мицкоски, минала без ниту една афера за членовите на Владата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.