Вести Свет Топ вести

Бела куќа: Иран не го премести збогатениот ураниум пред нападот

Администрацијата во Вашингтон ја отфрли хипотезата дека Иран ги преместил количините на високо згогатен ураниум во пресрет на американските воздушни удари врз нуклеарните капацитети на Техеран.

Претседателот Трамп ги критикуваше медиумите во САД по откривање на доверлив американски разузнавачки документ која ја става под сомнеж ефикасноста на бомбардирањата во неделата наутро. Според него, таргетираните напади резултирале со целосно уништување на нуклеарните локации Фордо, Натанз и Исфахан.

Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, исто така, потврди дека, според „веродостојните инфиормации“, нуклеарната програма на Техеран е „сериозно оштетена“.

Иранските власти потврдија дека нивната програма е „значително оштетена“ во израелските и американските бомбардирања во текот на 12-те дена. Стручњаците, сепак, истакнаа можност дека Иран се подготвувал за нападот со преместување на своите 400-тини килограми ураниум, збогатен на 60 отсто, што е ниво блиску до прагот од 90 отсто што е потребно за развој на атомска бомба.

„Можам да кажам дека Соединатите Американски Држави не добија никакви сигнали дека високо збогатениот ураниум е преместен пред нападот“, рече портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит за „Фокс њуз“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Манивал“: Македонија постигна напредок во борбата против перење пари

Дејан Дејан

Косово: Забранат увоз на овци и кози од Македонија поради болеста син јазик

Дејан Дејан

Путин нема да присуствува на БРИКС, му се заканува апсење

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе