Скопската градоначалничка, Данела Арсовска, поднесе кривична пријава за 20 случаи на незаконски легализации на дивоградби во општина Чаир.
Арсовска ја поднесе пријавата во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и наведе дека за дивоградбите морал да знае чаирскиот градоначалник Висар Ганиу и неговиот тим.
На прес конференцијата пред обвинителството, по првичните несогласувања со обезбедувањето на објектот, Арсовска покажа и две сателитски снимки од Чаир.
На снимката од 2017-та конкретните дивоградби ги нема, додека на снимката од 6 години подоцна се гледаат градежни активности. Законот дозволува легализација само на дивоградби изградени до средината на 2011-та година.