Володимир Зеленски соопшти дека имал „долга и суштинска средба“ со американскиот претседател Доналд Трамп.
Ги опфативме сите навистина важни прашања – напиша тој, изразувајќи благодарност до „претседателот и до Соединетите Држави.
Зеленски информира дека разговарале за тоа „како да се постигне прекин на огнот и вистински мир“ и „како да се заштити украинскиот народ“.
– Ги цениме вниманието и подготвеноста да помогнете да се приближи мирот, нагласи Зеленски.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.