Македонија

За Жерновски цела ВМРО-ДПМНЕ живее во розов свет, Лефков дециден дека со закочени автопатишта нема економски раст

Има ли граѓанин што се чувствува горд денеска? Дали е гордо кога одите во маркет и ги гледате цените? праша вечерва во емисијата Топ Тема поранешниот амбасадор и градоначалник Андреј Жерновски.

Јас мислев дека Мицкоски живее во розов свет, гледам дека и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ живеат, дека цела партија живее во розов свет.Слушнав дека овде економијата е одлична, 50 процнти од кажаното беше дека претходната власт е виновна. Но ВМРО-ДПМНЕ е една година на власт. Кога се зборува за претходните,  ВМРО-ДПМНЕ индирекно  признава дека нема никакви резултати, изјави Жерновски.

Лефков пак одговори дека кога ВМРО-ДПМНЕ дошла на власт странските директни инвестиции биле на најниско ниво, а сега тоа не е случај.

Со ВМРО-ДПМНЕ имаме зголемување на странските директни инвестиции и се највисоки во регионот по глава на жител. Земјата има подобрување на сите економски параметри. Не може со закочени капитални инвестиции, со закочени автопатишта да имате економски раст, истакна Лефков.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека трае истрагата за 29 полицајци, Обвинителствп за гонење организиран криминал и корупција не може да ги прими на средба родителите од Кочани

Дејан Дејан

Лефков: Ние веруваме во нашите партнери во ЕУ, не веруваме во интересите на Бугарија

Дејан Дејан

Според Жерновски целата ситуација со Извештајот е аматерска и непотребна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе