Македонија се соочува со интензивен топлотен бран, кој од денеска до крајот на работната недела ќе го зафати целиот регион, со екстремно високи температури, кои локално ќе надминат и 40 степени целзиусови, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Денешна прогноза е дека утринските температури ќе се движат во интервал од 13 до 19 степени целзиусови, а максимални дневни од 29 до 39 степени целзиусови. УВ индексот ќе биде многу висок и ќе изнесува 9.
Во Скопје се очекува температура до 39 степени целзиусови, со слаба облачност и северен ветер. Според најавите во петок попладне се очекува можна локална нестабилност – пороен дожд, грмежи, а за време на викендот и благо температурно олеснување кога температурите ќе се спуштат за неколку степени, ќе дува умерен до засилен северен ветер.