Во вечерашната Топ Тема дебата меѓу Миле Лефков, пратеник ма ВМРО- ДПМНЕ и
Андреј Жерновски, член на раководството на СДСМ.
Според Жерновски целата ситуација со Извештајот е аматерска и непотребна. Тој дополнително постави прашање кој идентитет е заштитен од страна на премиерот, и додаде дека истиот идентитетот е зацврстeн.
„Првичниот документ беше сосема океј и тој ќе поминеше доколку како што кажаа бугарските пратеници еден политичар не излезе со коментирање на содржината. Човекот има име презиме и функција, се вика Христијан Мицкоски и за жал е премиер на нашата држава.Тој кога ги извади коментарите во јавноста тогаш се разбудија бугарските пратеници пота и ЕПП групацијата“ изјави Жерновски, член на раководството на СДСМ.