Вести Македонија

Паркингот на Клинички Центар не е доволен за сите – министерот нуди привремено решение

Граѓаните и на овие високи температури и по половина час со своите возила кружат околу паркингот на Клиничкиот центар, обидувајќи се да најдат слободно место. Велат дека се изморуваат пред да стигнат до преглед, плаќаат, а не се ни прописно паркирани и притоа често пропуштаат закажани термини.

„Каде да најдеме паркинг овде? Тука нема паркинг. Само напразно влегуваме и излегуваме, џабе плаќаме кога не се паркираме. Нигде го нема ова“, вели граѓанин.

„Засега овде е катастрофа. Јас првиот пат кога дојдов овде во 10 часот излегов од горната страна со помош на полицијата. Овде има многу гужва. Катастрофа е нема паркинг нигде, само од некоја страна ако се најде место“. вели граѓанин.

Министерот за здравство Азир Алиу предложи привремено решение – дел од лекарите да почнат да паркираат кај хотелот Лимак за 1.200 денари месечно. Просторот ќе биде достапен од јули, а проектот ќе трае до декември. Ќе функционира на принцип „прв дојден, прв услужен“.

Со компанијата Лимак веќе сме договорени. Слободно може докторите да паркираат таму. Ќе функционира на принцип прв дојден прв услужен. Верувајте дека ми се јавуваат колеги доктори и ми велат дека ова е добра идеја бидејќи на стариот паркинг колите им биле изгребени, а нема ниту камери и поради тоа не знаат ниту каде да пријават, изјави министерот за здравство алиу.

 

 

Тој додаде дека доколку нема поддршка од синдикатите, е подготвен да направи и чекор назад.

Дел од синдикатот го поздравуваат овој чекор. Јас ќе имам средба со нив и јас сум човек кој може да направи и чекор назад, ако грешиме во процесите, кажа министерот.

Тендерот за изградба на нов паркинг пропадна во март кога се пријави само една фирма од Албанија, но по реакциите на јавноста за понудените услови, тогашниот министер Арбен Таравари се откажа од плановите за решение на сообраќајниот хаос на клиничкиот центар.

Тамара Марковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Љфков: Ние веруваме во нашите партнетнери во ЕУ, не веруваме во интересите на Бугарија

Дејан Дејан

Според Жерновски целата ситуација со Извештајот е аматерска и непотребна

Дејан Дејан

Зеленски – Трамп: Разговаравме за прекин на огнот и вистински мир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе