Вести Македонија Најважни

Од Кочани, судењето за трагедијата во Пулс е префрлено во Кривичниот суд во Скопје – Тошковски тврди МВР презеде се што можеше

Во судниците во Скопје ќе им се суди на 34-цата обвинети за трагедијата во кабарето Пулс, каде во пожар загинаа 62-ца, а 211 луѓе беа повредени. Одлуката денеска ја донел Врховниот суд поради немаше капацитети на судот во Кочани, ниту просторни ниту по број на судии.  одлучи

„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, денес на 25 јуни 2025 годинa донесе Решение КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот КООА.бр.13/25 на Основен суд Кочани, оформен во врска со пожарот кој се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“, го определи Основниот кривичен суд Скопје.

Со предизвикот за оваа огромна трагедија, сега ќе треба да се справува кривичниот суд, а пред неколку недели за предмет со голем број обвинети, Адитив, судењето беше одржано во судницата во затворот Идризово.

На барањето на родителите на загинатите и на повредениет, за оставки и одговорност покрај за поранешните и за актуелните функционери и полициски началници, министерот Тошковски вели дека ја разбира нивната реакција, но МВР сторило се во законските надлежности.

“Имаат право да бараат одговори од институциите. Институциите се должни да дадат одговори на сите прашања. Сметам дека она коешто требаше да биде сторено од Министерството за внатрешни работи како институција е сторено во рамки на целокупниот овој изминат временски период. Сметам дека и покажавме на македонската јавност и на македонските граѓани дека можело и поинаку да се работи него претходно. Покажавме дека може да се работи неселективно и покрај сите обвинувања, покажавме дека можеме да имаме еден нормален пристап кон работите и покрај сите обвинувања од страна на опозицијата и покажавме дека без оглед на име презиме, без оглед на кој инволвирал, кој бил близок со кого или кој не бил близок со кого, дека Министерството за внатрешни работи знае да постапува професионално” изјави Панче Тошковски.

Досега се осомничени и 27 полициски службеници и началници и активните полицајци се суспендирани. По првичниот бран кој зафати и пензионери со дела во минатото, на 12-ти јуни, Обвинителството отвори истрага и осомничи и 13 началници и полициски службеници кои работеле спротивно на прописите, лошо ја организирале акциската копнтрола и не спречиле потешки последици од пожарот кој го пеплоса и Пулс и Кочани со блиската околина.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Љфков: Ние веруваме во нашите партнетнери во ЕУ, не веруваме во интересите на Бугарија

Дејан Дејан

Според Жерновски целата ситуација со Извештајот е аматерска и непотребна

Дејан Дејан

Зеленски – Трамп: Разговаравме за прекин на огнот и вистински мир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе