Миле Лефков, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Топ Тема на Телма изјави дека Македонија и македнската Влада во жестока борба успеале да ја поминат првата фаза во комитетот на Европскиот парламент по гласањето на извештајот на Томас Вајц. Лефков исткна дека преговорите и преговарачката рамка не е само за неколку стотини бугари во македонскиот Устав, туку за жал се отвараат и прашања и за македонскиот идентитет и јазик.
Жалосно што во 21 век треба да се бориме со дебати за македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Тоа е нешто за кое што предупредувавме долго време. Кога зборуваме од каде доаѓа амандманот ја следиме добро ситуацијата.Треба да бидеме свесни, јавноста добро знае дека и Бугарија и бугарските европарламентарци се членови на истата сестринска групација, односно на ЕПП, Европската народна групација. Ние веруваме во нашите партнетнери во Евроспката Унија, не веруваме во интересите на Бугарија. И за жал овде сме поради неразумните ветувања на претходното раководство на државата што ја водеше меѓународната политика на штета на националните интереси, продавајки една лажна флоскула дека македонскиот идентитет и јазик се бетонирани.. за жал гледаме дека не е така, но борбата продолжува, рече Лефков.