Вести Македонија

Лефков: Ние веруваме во нашите партнери во ЕУ, не веруваме во интересите на Бугарија

Миле Лефков, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Топ Тема на  Телма изјави дека  Македонија и македнската Влада во жестока борба успеале да ја поминат првата фаза во комитетот на Европскиот парламент по гласањето на извештајот на Томас Вајц. Лефков исткна дека преговорите и  преговарачката рамка не е само за неколку стотини бугари во македонскиот Устав, туку за жал се отвараат и прашања и за македонскиот идентитет и јазик.

 Жалосно што во 21 век треба да се бориме со дебати за македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Тоа е нешто за кое што предупредувавме долго време. Кога зборуваме од каде доаѓа амандманот  ја следиме добро ситуацијата.Треба да бидеме свесни, јавноста добро знае дека и Бугарија и бугарските европарламентарци се членови на истата сестринска групација, односно на ЕПП, Европската народна групација. Ние веруваме во нашите партнетнери во Евроспката Унија, не веруваме во интересите на Бугарија. И за жал овде сме поради неразумните ветувања на претходното раководство на државата што ја водеше меѓународната политика на штета на националните интереси, продавајки една лажна флоскула дека македонскиот идентитет и јазик се бетонирани.. за жал гледаме дека не е така, но борбата продолжува, рече Лефков.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека трае истрагата за 29 полицајци, Обвинителствп за гонење организиран криминал и корупција не може да ги прими на средба родителите од Кочани

Дејан Дејан

За Жерновски цела ВМРО-ДПМНЕ живее во розов свет, Лефков дециден дека со закочени автопатишта нема економски раст

Дејан Дејан

Според Жерновски целата ситуација со Извештајот е аматерска и непотребна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе