Вкупно 29 полициски службеници и началници се опфатени со истрагата за пожарот во кабарето Пулс. Тринаесет од нив се актуелни полициски началници и полицајци кои биле на задача, ноќта на пожарот и последно се најдоа на листата осомничени.
-Од месец март до денес предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција активно постапува во предметите во кои се опфатени 29 полициски службеници за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела поврзани со пожарот во кабаре „ПУЛС“ во Кочани. Во рамките на своите надлежности јавниот обвинител ги презема сите неопходни дејствија за расветлување на случајот меѓу кои сослушување на лица во својство на осомничени и во својство на сведоци, како и прибирање на други докази, соопштија пд ОЈОГОКК кое е надлежно за истрагата за полицајците.
За сите полициски службеници за кои е поведена истражна постапка на предлог на обвинителството им се определени мерки на претпазливост.
Иако родителите бараа средба со надлежниот обвинител, од ОЈОГОКК сметаат дека во моментот не може да се реализира за да не се загрпзо истрагата.
-Јавниот обвинител континуирано презема дејствија за прибирање и анализа на релевантните факти и докази за што поскоро расветлување на случајот. Истрагата е во тек и со цел истата да не се загрози, евентуална средба би можела да биде реализирана откако ќе се испитаат сите наводи, меѓу кои и оние што дел од родителите ги доставија до јавниот обвинител и по кои истиот постапува, односно кога ќе заврши истражната постапка. Ова беше најавено од страна на Јавниот обвинител на РСМ на средба со родителите. Во исто време ги охрабруваме сите оние што имаат некакви сознанија и докази што дополнително би ја поткрепиле истрагата да ги достават до ОЈО ГОКК, соопштија од Обвинителството.