Вести Македонија Топ вести

(ФОТО)Пораки од „Кој е следен?“ – Наведнатата глава не ни помага – сабјата упорно нè сече

Во раните утрински часови низ скопските улици осамнаа транспаренти со пораки во знак за 100-тиот ден од трагедијата во Кочани.
„Молчевме,жалевме, марширавме и говоревме“ напишаа „Кој е следен?“ на социјалните мрежи и споделија слики од транспарентите со моќни пораки кои се испратени од незадоволните во анкетата која ја спроведе иницијативата во текот на викендот.
„Денес, сите заедно на системот му испративме вкупно 100 пораки од 100 различни гласа кои го артикулираат она што сите го мислиме и чувствуваме. Овие 100 крика за подобар систем не се само минливи желби и фантазии, ниту реторички прашања, туку критики за овој систем што нè убива. Наведнатата глава не ни помага – сабјата упорно нè сече. Затоа, мораме да ги дигнеме главите – и да ги здружиме – и заедно да смислиме подобар систем кој ќе го брани животот, а не профитот. Кочани, најдлабоко ти се извинуваме што дозволивме ова да ти се случи за да ни ги отвори очите. Но, сега нема назад. Веќе не молчиме. Не простуваме. Не забораваме.Правда мора да има“ порачаа од „Кој е следен?“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По два ипол месеци Петар Богојески ја напушта директорската позиција од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Дејан Дејан

Четири македонски банки се впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања

Дејан Дејан

Зеленски пристигна во Холандија пред самитот на НАТО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе