Вести Свет Топ вести

Во терористички напад во грчка црква во Дамаск – загинаа 22 лица

Најмалку 22 лица загинаа, а повеќе од 60 се повредени во самоубиствен терористички напад извршен во текот на богослужба во грчката православна црква во Дамаск. Според сириското Министерство за здравство, напаѓачот прво отворил оган врз присутните, а потоа активирал експлозивен појас.

Во црквата, во моментот на нападот, имало околу 350 верници. Црквата која била мета на напаѓачот е една од најголемите и најпосетувани православни цркви во Дамаск.

Бомбата, според властите, експлодирала на влезот од објектот, што предизвикало жртви и надвор од храмот. Досега ниедна терористичка организација не ја презела одговорноста, иако властите посочуваат дека напаѓачот имал поврзаност со Исламска држава.

Сириската влада го нарече нападот „обид за дестабилизација на земјата“ по падот на режимот на Башар ал-Асад во декември, обвинувајќи ги преостанатите лојалистички и терористички структури за обид да се предизвика страв и хаос.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинение за телохранителот на премиерот Мицкоски

Дејан Дејан

Путин најави дека Русија ќе му помогне на Иран

Дејан Дејан

ИНРМ: Глоба од 1.000 до 3.000 евра ако ЕВН не овозможи визуелен пристап до броило

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе