Вести Македонија Топ вести

УСС-УКИМ апелира и бара да се санираат инфраструктурните проблеми во студентските домови

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ) упати барања за безбедноста, удобноста и достоинствениот студентски живот во државните студентски домови.

Универитетското студентско собрание достави две официјални барања до надлежните институции за подобрување на состојбите во домовите.

Во првото барање, доставено до Државниот студентски дом – Скопје, УСС-УКИМ апелира за навремена проверка и повторно оспособување на нефункционалните лифтови во објектите на ДСД – Скопје.

Поради приближување на новата академска година и очекуваниот зголемен број на станари, се нагласува значењето на функционални лифтови за олеснување на секојдневното движење како и за овозможување безбеден и пристапен престој за сите студенти, вклучително и за оние со ограничена подвижност.

Во второто барање, упатено до студентскиот дом „Пелагонија“ и Министерството за образование и наука, УСС-УКИМ бара итна санација и сервисирање на бојлерите и целиот систем за топла вода, имајќи ги предвид честите проблеми со греење и топла вода во изминатите зимски сезони. Дополнително, се посочува на хроничниот проблем со нефункционалните лифтови во овој дом, што претставува посебна тешкотија за студентите со здравствени или физички ограничувања.

„Овие интервенции се клучни за обезбедување на елементарни услови кои студентите ги заслужуваат. Ќе продолжиме гласно и одговорно да ги пренесуваме реалните потреби на студентите,“ – истакна Александар Николовски, претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МААЕ забележа „многу сериозни оштетувања“ на Фордо во Иран

Дејан Дејан

Шпанија со барање да се суспендира договорот што ги регулира односите меѓу ЕУ и Израел

Дејан Дејан

За младите во Австралија земјоделството поинтересно од англиски јазик и математика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе