Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека иранските нуклеарни капацитети се соочиле со уништување, а нападите ги нарече „полн погодок“, и покрај тоа што Обединетите Нации сѐ уште не можат со сигурност да ја утврдат вистинската предизвикана штета врз нуклеарните капацитети.
Во својата изјава, Трамп направи и контроверзна алузија на можна промена на режимот во Иран.
„Ако сегашниот ирански режим не може повторно да ја направи Иран голема, зошто тогаш да не дојде до промена?“. Oвие коментари предизвикаа конфузија во редовите на американската администрација, со што се зголемува опасноста за американските сили и сојузници на Блискиот Исток, предупредуваат аналитичарите.
Американскиот Стејт департмент издаде глобално предупредување за сите американски државјани. Ѕидините на Стариот град во Ерусалим доцна синоќа пак беа осветлени со знамињата на САД и Израел.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги поздрави нападите и му се заблагодари на Трамп за, како што рече, „непоколебливата поддршка во одбраната на Израел и глобалната безбедност“.