Вести Свет

Путин најави дека Русија ќе му помогне на Иран

Со цел да му помогне на иранскиот народ, Русија ќе презем мерки  за да му помогне на иранскиот народ во услови на ескалација на Блискиот Исток, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на средбата со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

-Имаме долгогодишни, добри и сигурни односи со Иран. Од наша страна, ние вложуваме напори да му помогнеме на иранскиот народ, рече рускиот претседател.

Русија е на вистинската страна од историјата во услови на нападите на САД и Израел врз Иран, рече Арагчи.

Денес, Русија е на вистинската страна од историјата и меѓународното право“, рече иранскиот министер за надворешни работи.

Арагчи додаде дека Иран им се заблагодарил на своите руски пријатели за нивната „решителна осуда на агресивните дејствија“ против Исламската Република.

Путин, исто така, разговарал по телефон со ирачкиот премиер Мохамед ал-Судани, со кого разговарал за ситуацијата на Блискиот Исток, објави прес-службата на Кремљ.

-Телефонски разговор се одржа меѓу претседателот на Руската Федерација Владимир Путин и премиерот на Република Ирак Мохамед ал-Судани. Беше остварена длабинска размена на мислења за ситуацијата на Блискиот Исток во врска со операцијата на израелските сили против Иран, како и ракетниот и воздушен напад на САД врз иранските нуклеарни постројки“, се вели во соопштението на Кремљ.

За време на разговорот, Путин и Судани се согласија да помогнат во одржувањето на првиот руско-арапски самит во октомври, соопшти прес-службата на Кремљ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три случаи на листериоза за шест месеци – дали јадеме безбедна храна?

Дејан Дејан

(Видео) Екстремно високи температури од среда

Дејан Дејан

Предлог законот на СДСМ за помош на настраданите во пожар во Кочани заглави во Комисијата за социјална политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе