Претседателот на САД, Доналд Трамп порача дека никој не треба да го качува цената на нафтата и нагласи оти ја следи ситуацијата, а на американско Министерство за енергетика му апелира да продолжи со потрагата по сопствени ресурси на нафта.
„Сите, држете ја цената на нафтата долу. Следам. Не сфаќате дека тоа што го правите му користи на непријателот. Немојте да го правите тоа“, напиша Трамп на платформата „Вистина“.
Во друга објава на „Вистина“ се обрати до министерството за енергетика на САД.
„Копајте, драги мои, копајте. И тоа сега“, напиша Трамп.
Трамп со своите пораки за цената на нафтата, изрази желба да не бидат подигнати, и покрај стравувањата дека тековниот конфликт на Блискиот Исток би можел да предизвика нивни раст.