Вести Економија

ИНРМ: Глоба од 1.000 до 3.000 евра ако ЕВН не овозможи визуелен пристап до броило

Здружението Инженери на Република Македонија поднело барање  до Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и Државниот пазарен инспекторат, како и до Министерството за енергетика, за да се потврди кој од нив е надлежен за постапување и санкционирање во случај потрошувачите на електрична енергија да немаат визуелен пристап до сопствените броила. Според ИНРМ, неовозможувањето на пристап до мерниот уред не е техничко прашање, туку директна повреда на законска обврска и причина за санкција.

-Со новиот закон кој стапи на сила на 29 мај 2025 година, операторот е обврзан да овозможи визуелен пристап до мерниот уред, односно потрошувачот да може лично и во секое време да го види и провери податокот што уредот го регистрира. Поставувањето на броила во затворени кутии, на височина недостапна за граѓанинот, во заклучени и невидливи за граѓанинот простории или поставено во ормари каде не може да се види броилото, претставува правно недозволено постапување, велат од ИНРМ.

Законот, додаваат, предвидува глоба од 1.000 до 3.000 евра за операторот ЕВН ако не го исполни ова свое законско задолжение.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Предлог законот на СДСМ за помош на настраданите во пожар во Кочани заглави во Комисијата за социјална политика

Дејан Дејан

Македонија е понижена и без европска иднина – став на СДСМ за една година власт на ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

АФЕТ пред предизвик дали ќе го изгласа Извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе