Секој пат кога Американците ќе извршат злосторства против Иран, добиваат решителен одговор и дека така ќе биде и овој пат, ова го изјави началникот на Генералштабот на иранската армија, генерал-мајор Амир Хатами.
Во видео обраќање, тој „ги замоли командантите и војниците да ги спроведат плановите објавени од Централниот штаб“ и рече дека сите треба да бидат убедени дека иранската армија ќе победи во овој конфликт, пренесува Тасним.
Портпаролот на иранската војска, Ебрахим Золфаќари, изјави дека неодамнешните непријателски дејствија на САД го прошириле опсегот на легитимни цели за вооружените сили на Иран.
Господине Трамп, коцкару, вие можете да ја започнете оваа војна, но ние ќе бидеме тие што ќе ја завршиме“, рече портпаролот на иранската војска на англиски јазик на крајот од неговата снимена изјава, јавија британските медиуми.
САД во саботата навечер бомбардираа три нуклеарни постројки во Иран, придружувајќи му се на Израел кој на 13 јуни почна напади врз нуклеарните и воените постројки во оваа земја.