Вести Свет

Британија и Франција повикаа на итна деескалација на Блискиот Исток

Обединетото Кралство и Франција повикаа на итна деескалација и враќање на дипломатските канали, предупредувајќи дека Блискиот Исток се наоѓа на пресвртна точка. На вонредна седница на Советот за безбедност на ОН, британската амбасадорка Барбара Вудвард изјави дека нивниот приоритет мора да биде поддршката за деескалација.

Во Париз, пак, францускиот претседател Емануел Макрон свика итна седница на Советот за национална безбедност. Тој нагласи дека враќањето кон дијалог и дипломатски преговори е единствениот пат за спречување на Иран да се здобие со нуклеарно оружје и за избегнување на „неконтролирана ескалација“.

Ниту еден воен одговор нема да ги донесе посакуваните резултати, рече Макрон, кој изминатиот викенд оствари повеќекратни разговори со иранскиот претседател и други блискоисточни и европски лидери.

Макрон наскоро ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, на претстојниот НАТО самит во Холандија, каде што темата Иран најверојатно ќе доминира во разговорите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

УСС-УКИМ апелира и бара да се санираат инфраструктурните проблеми во студентските домови

Дејан Дејан

Владата денес со отчет за првата година од работењето

Дејан Дејан

Азиските берзи во пад по нападот врз Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе