Русија во моментот не е во состојба сега да пружи некаква особена поддршка на Иран, бидејќи и сама има сопствени проблеми со војната во Украина, смета Павле Арсовски, генерал-мајор во пензија и пратеник на ЗНАМ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Русија не може сама себеси да си помогне, а не да му помогне на Иран“, смета Арсовски.
Според него, иранскиот режим мораше да одговори на некаков начин пред сопствените граѓани.
„Прво беше вчера со еден одмазнички удар со голем број на балистички ракети кон Израел. За овој вториот не бев сигурен дека ќе бидат подготвени да го направат“, вели Арсовски.