Вести Свет Топ вести

Трамп им даде на Иранците рок од две недели, но нападна по само два дена

Пред само два дена американскиот претседател даде рок од две недели Техеран да се откаже од својата нуклеарна програма, но тој рок траеше нешто повеќе од 48 часа.

Нејасно е дали Трамп се предомисли во текот на тие два дена. Дали планот од самиот почеток бил да се дадат изјави кои ќе ги заведат Иранците да се опуштат, или пак преговорите кои зад кулисите ги водеше неговиот главен пратеник за Блискиот Исток и голф партнер Стив Виткоф, брзо пропаднале.

Во секој случај, влегувањето на САД во уште еден конфликт на Блискиот Исток претставува голем ризик, не само за регионалната и глобална безбедност, туку и за политичката ситуација на Доналд Трамп на домашната сцена.

Американскиот претседател се претставуваше себеси како „миротворец“ човек кој завршува војни наместо да ги започнува, политичар кој се противи на воените интервенции во странство, и жестоко го критикуваше сопартиецот Џорџ Буш зошто ви вовлече САД во војни на Блискиот Исток од кои беа потребни децении да се извлечат.

Голем дел од неговите поддржувачи жестоко се противеа и се уште се противат на приклучувањето на Израел во нападите врз Иран, меѓу нив и истакнати членови на МАГА.

Одлуката на краткото обраќање пред американската јавност Трамп да биде придружен од портпретседателот Венс, државниот секретар Рубио и министерот за одбрана Хегсет, може да се протолкува како обид да се прикаже единството на администрацијата пред МАГА базата. Особено ако се има предвид дека во минатото Трамп се покажа како исклучително самобендисан политичар, кој не поднесува други, а особено негови подредени да го засенат па дури и да му конкурираат во привлекувањето на вниманието.

САД ги бомбардираа трите ирански нуклеарни инсталации

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Херцог: Американскиот напад врз иранската нуклеарна програма е храбра и историска одлука

Дејан Дејан

МААЕ ќе одржи итен состанок по американското бомбардирање на иранските нуклеарни инсталации

Дејан Дејан

Експертите очекуваат нов раст на цената на нафтата по ексалацијата на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе