Вести Свет Топ вести

Како ќе одговори Иран на американското интервенирање во конфликтот со Израел?

Чувството на егзистенцијална загрозеност кое завладеа во Техеран изинативе години го поттикна да ги интензивира напорите за збогатување ураниум во исто време одолговлекувајќи ги преговорите со западните сили.

Но, Техеран чекаше предолго, очигледно стравувајќи од интервенција на САД, или пак формирање меѓународна коалиција против него, давајќи му доволно време на Израел да го нанесе првиот удар и значително да ги редуцира неговите можности за интервенција.

Инсистирањето на заканувачката реторика го ограничи иранскиот дипломатски репертоар оставајќи го Техеран со, во суштина, само три опции.

Првата е да не направи ништо, односно да ги прифати американските предлози за комплетно откажување од нуклеарната програма. Оваа опција иако ќе го поштеди Иран од интензивни американски напади кои можат сериозно да ја потресат Исламската република, од друга страна ризикуваат да ја зацврстат перцепцијата, особено во иранското општество, која се појави пред неколку години, дека теократскиот режим е всушност слаб и не може да им се спротивстави на Израел и САД.

Втората е веднаш да се одговори, силно да нападне и да се одмазди за американската интервенција, имајќи во предвид дека САД имаат бројни капацитети во регионот. Освен САД, на мета може да бидат и американските сојузници во Заливот, како што тоа беше случај во минатото. Но, ако Техеран одлучи да оди со оваа опција ризикува целосно вклучување на САД во конфликтот, што може да ги охрабри заливските држави после децении малтретирање од Иран и тие да се приклучат.

Третата опција е Иран одговори и да се одмази во момент, време, место и мета по негов избор. Односно да почека моменталната ситуација да се стабилизира и да нападне во момент кога американските бази и сојузници повеќе нема да бидат во највисока подготвеност. Но, тоа може да трае долго време, а отпорот против репресијата во самиот Иран може да се интензивира ако интерните противници на режимот ова го сфатат како негова слабост.

Ајатолахот и највисоките функционери во Иран ги очекува тешка одлука а дополнителен притисок создава перцепцијата дека режимот по четири и пол децении од преземањето на власта се соочува со досега најериозната закана по својот опстанок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Херцог: Американскиот напад врз иранската нуклеарна програма е храбра и историска одлука

Дејан Дејан

МААЕ ќе одржи итен состанок по американското бомбардирање на иранските нуклеарни инсталации

Дејан Дејан

Експертите очекуваат нов раст на цената на нафтата по ексалацијата на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе