По американските воздушни напади врз трите најважни ирански нуклеарни капацитети во Фордо, Исфахан и Натанз, Техеран одговори со салво ракети врз Израел.
Најголемиот дел од нив беа пресретнати од израелските противракетни системи, но неколку успеаја да се пробијат.
Според израелските власти 15 лица се здобиле со лесни повреди, додека еден 30 годишен маж бил посериозно повреден.
Меѓу метите на последниот ирански ракетен напад бил и Меѓународниот аеродром Бен Гурион во Тел Авив, соопштија од иранската Револуционерна гарда.
Израелски авиони бомбардираат воени цели во Западен Иран, соопшти ИДФ