Обвинетите ексдиректори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехад Нухи одат во ефективен притвор. Побараа да се бранат од слобода но скопска Апелација попладнево ги прифати жалбите на обвинителството и куќниот притвор им го заемни со 30 дневен притвор
Претходно на одделни јавни седници одбраната уверуваше дека тие не планираат да бегаат туку на судењето да ја докажуваат невиноста. Адвокатот на Васев истакна дека тој цело време соработувал со институциите, присуствувал на анкетната комисија во собранието и бил активен во истрагата, за време на која имаше мерки на претпазливост. Бил свесен каква постапка се води против него и да имаше намера да бега до сега ќе избегал. Васев кусо се обрати до судиите
„Барам чесно судење. Судот да ја укине мерката притвор и да се бранам од слобода“ изјави Нино Васев, обвинет.
Обвинителката Фетаи рече дека во овој случај единствено мерката притвор е гаранција за обезбедување на присуство и успешна кривична постапка
Тонски Фатиме Фетаи, обвинителка во ВЈО Скопје
Фетаи бараше притвор и за екс економскиот директор на онкологија Нехад Нухи. Тој пак ги уверуваше судиите дека нема да бега дека има три малолетни деца и се грижи за неговата мајка.
„И хипотетички, јас никогаш не би се дал во бегство, затоа што верувам дека сум невин и ќе се борам до крај правдата да биде задоволена и за мене да има ослободителна пресуда“ изјави Нухи.
Скопското обвинителство подигна две обвиненија поврзани со предметот Онкологија. Едното е за економското работење на клиниката, а обвинети се Васев и Нухи за злоупотреба, измама и проневера во службата. Обвинителството пресметало штета на буџетот од 36 милиони евра.
Другото обвинение е поврзано со медицинскиот третман на пациентите каде покрај Васев обвинети сè уште тројца други доктори онколози за несовесно лекување болни.
Според обвинението кај 29 пациенти ексдиректорот применил неподобен начин на лекување и тешко им го нарушил здравјето на пациентите. Други двајца доктори пак според обвинителството на пациенти им давале скапа биолошка терапија во палијативна фаза кога воопшто не можела да им помогне. Овој предмет треба да почне на 11 јули.
Елена Ивановска Мукоска