Вести Свет Топ вести

Хезболах со порака: Не сме неутрални, стоиме зад Иран

Генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, изјави дека групата со седиште во Либан не е неутрална и стои зад Иран во неговиот конфликт со Израел.

„Хезболах и Исламскиот отпор не се неутрални кон легитимните права и независност на Иран и лагите на Америка, нејзината агресија, заедно со канцерогениот тумор на Израел и арогантните сили“, рече Касем во изјава на Телеграм.

„Ние стоиме зад Иран во лицето на оваа глобална неправда, затоа што се залагаме за нашата независност, ослободувањето на нашата земја и слободата на нашите одлуки и избори“, додаде тој.

Лидерот на Хезболах додаде дека групата не е неутрална и затоа го изразува својот став кон Иран, неговото раководство и неговиот народ.

„И ние ќе дејствуваме како што сметаме дека е соодветно во лицето на оваа брутална израелско-американска агресија“, рече тој.

Претходно, амбасадорот на САД во Турција и специјален пратеник на Белата куќа за Сирија, Томас Барак, го предупреди Хезболах да не се меша во ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран. Зборувајќи за време на посетата на Бејрут, Барак рече дека секоја интервенција од страна на групата поддржана од Ирак „би била навистина лоша одлука“.

Конфликтот започна во петокот кога Израел почна воздушни напади врз неколку локации низ Иран, вклучувајќи воени и нуклеарни објекти, поттикнувајќи го Техеран да започне одмазднички напади. Израелските власти соопштија дека од тогаш, најмалку 24 лица се убиени, а стотици се повредени во иранските ракетни напади.

Во Иран, според извештаите на иранските медиуми, 585 лица се убиени, а повеќе од 1.300 се ранети во израелските напади.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зошто ми е убиена Вањичка- таткото Александар Ѓорчевски со прашање до Палевски Палчо

Дејан Дејан

Сашко Мицевски нов в.д. директор на Агенцијата за филм

Дејан Дејан

Ако Хезболах нападне, ќе го нема повеќе – порака од израелскиот министер за одбрана до либанската група

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе