Четириесет и четири годишна жена загина а уште едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случила во Охрид. Во пешаците со моторно возило удрил 22 годишен возач, кој доби кривична пријава. Охридската полиција алармира дека е потребна поголема внимателност од сите учесници во сообраќајот а посолуваат дека за пет месеци поднеле 7 кривични пријави и напишани се 3 илјади казни за сторени прекршоци во сообраќајот.
Изгубил контрола и излетал од кружниот тек по што удрил во пешаци. Едниот загинал, а другиот завршил со телесни повреди. 22 годишен возач е уапсен и доби кривична пријава за тешки дела против безбедноста во сообраќајот. Во несреќата што се случила синоќа нешто по 22 часот во Охрид животот го загуби 44 годишна жена.
СВР Охрид апелира и алармира особено во овој период кога фреквенцијата на возила но и граѓани е зголемен, да се внимава кога се управува патничко или моторно возило и да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Најголем проблем останува честото кршење на сообраќајните правила, возењето без дозвола, но и лошата осветленост на улиците со што дополнително се намалува сигурноста на учесниците во сообраќајот. Билтенот на МВР речиси секојдневно бележи црна статистика. За пет месеци СВР Охрид има напишано околу 3 илјади казни и 7 кривични пријави.
Симона Петровска